Мицкоски има милиони евра за спектакли, тендери и луксуз, но за граѓаните нуди трошки. Цените растат, платите не ги следат поскапувањата, а семејствата секој месец живеат сè потешко.Во услови кога горивата надминаа 100 денари за литар, а цените на храната секојдневно растат, Владата на арамијата Мицкоски донесе задоцнети, половични мерки без никаков ефект врз семејните буџети, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
СДСМ има две конкретни мерки за вистинско намалување на цените:
1.Целосно укинување на акцизата за горивата.
2.Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти.
Со мерките на СДСМ, граѓанин со просечна плата ќе може да купи дури 205 литри бензин повеќе отколку со мерките што ги предлага Владата.
Ова е конкретна помош што веднаш ќе се почувствува во секое домаќинство.
Значителното поевтинување на горивата ќе ги намали и транспортните трошоци и ќе создаде услови за намалување на цените на храната и на другите основни производи.
СДСМ бара Владата веднаш да ги прифати предложените мерки.
Во време на криза, народните пари мора да завршат кај граѓаните, а не во луксузот и криминалните тендери на власта.
СДСМ




