Владата предводена од СДСМ постојано го вреднува трудот на работникот и останува доследна на заложбата за повисока минимална плата за работниците.

Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ. Владата, предводена од СДСМ, лани вети дека минималната плата ќе биде зголемена од почетокот на оваа година, но тоа ветување не се реализира, туку се уште се преговара со синдикатот. Во продолжение целото денешно соопштение:

За неполни пет години минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 15.200 денари, односно за над 6.000 денари.

И не застануваме тука, во тек е социјален дијалог со сите засегнати страни за минималната плата повторно да се зголеми.

И додека Владата предводена од СДСМ работи на тоа повеќе пари да завршуваат во семејните буџети, ВМРО-ДПМНЕ повторно е против новото покачување на минимална плата.

Трајко Славески висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје повторно јавно се противи на зголемување на минималната плата.

Ништо ново од Белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните.

Јасна е разликата, ВМРО-ДПМНЕ е против повисока минимална плата, против работниците, СДСМ обезбедува повисоки плати и повеќе пари во семејните буџети.

Центар за односи со јавноста на СДСМ