Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров ги коментираше гласините кои во изминатите два дена се проширија на различни канали на Телеграм за неговата тешка болест, па дури и за неговата смрт.

-Слава му на Семоќниот, жив сум и здрав – напиша тој на својот канал на „Телеграм“, каде што објави видео од посетата на својот болен вујко во Москва во Централната клиничка болница.

Додаде дека не разбира зошто, дури и навистина да е болен, треба да се прави врева околу тоа.

Кадиров исто така истакна дека сега јавноста знае кои медиуми и кои лица отворено ги лажат своите читатели.