„Играта“ на фрлање деца низ прозорец

Вака изгледа „играта“ на фрлање деца низ прозорец во училиште во скопски Аеродром. Според коментари на социјалните мрежи, слични „игри“ има во повеќе други училишта

Gepostet von Види Вака am Mittwoch, 3. Oktober 2018

Инаку, вчера Министерството за образование и наука и општина Аеродром преку соопштенија го осудија случајот со фрлањето на ученичка од прозорец од страна на нејзините соученици во основното училиште Ѓорѓија Пулевски“.

Во соопштенијата испратени од двете институции се наведува дека осудуваат секаков вид на насилство меѓу учениците и оти работат на целосно расчистување на случајот.

Од Министерството за образование и наука информираа дека Државниот просветен инспекторат веднаш по добивањето на информациите почнал инспекциски надзор за да се утврди фактичката состојба и да се лоцира одговорноста.

– По целосно завршување на постапката, од страна на инспекторите ќе биде подготвен извештај, врз основа на кој ќе се донесат и одлуки за следните чекори и понатамошни постапки, се наведува во соопштението од МОН.

Од општината истакнуваат дека се во постојана комуникација со претпоставените од училиштето и со надлежните институции со цел целосно да се расчисти случајот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека кај нив е пријавено оти во петокот за време на малиот одмор четворица малолетници го фатиле за нозе и раце девојчето и го фрлиле од прозорецот во училницата на приземје. Девојчето се здобило со телесни повреди.