Со положување цвеќе одбележана e 22-та годишнина од смртта припадникот на македонските безбедносни сили Драго Маневски, нашиот сограѓанин кој го положи животот во борба за татковината, информираше прес-службата на Општина Илинден.
Цвеќе пред споменикот на македонскиот бранител и херој од 2001 година положила делегација од Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски.
Драго Маневски, роден 1966 година во Марино, загина на 11 ноември во кризната 2001 година во Требош како член на безбедносните сили на Република Македонија.