„Заев рече дека ако Пендаровски изгуби и со само еден глас, тој ќе предложел распишување на предвремени парламентарни избори. Па го држиме за збор“, кажа претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека фер и демократските избори се важни за патот на државата кон Европската унија.

-За жал, деновиве бевме сведоци на уцени и притисоци на правење лоша пропаганда, многу подла од страна на портали што се блиски на партијата на власт. Единствен начин власта да се огради од овие термини е да профункционира законот и да се казнуваат – рече Села.