Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вечерва во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21 обвини за „копање“ криптовалути во училишни објекти кои се раководени од кадри на владејачката ДУИ.

– Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите, запраша Села.

Тој вели дека кога ќе има повеќе и конкретни информации и имиња, ќе излезе со детали за обвинувањето на прес-конференција.

Лидерот на АА исто така додаде дека за разлика од политичарите од ВМРО-ДПМНЕ експонирани во времето на Никола Груевски, ниту еден член на ДУИ не само што не е осуден за злоупотреби, иако партијата десет години била во власта со нив.

Тој најави во октомври можни предвремени парламентарни избори:

– Покрај сите останати кризи со кои се соочуваме, секоја политичка партија во својата агенда ги има евроинтеграциите, но власта е таа која треба тоа да го реализира. Доколку во јуни не добиеме датум за почеток на преговори тогаш оваа Влада го губи целосно кредибилитетот, рече Села.

Во тој случај, според него, ќе се оди на избори во октомври.

Села го повтори ставот на неговата партија дека доколку дојде до промена на Изборниот законик тогаш тие ќе бараат да има осум изборни единици, а не една како што бараат помалите партии.

Според него, со осум изборни единици се добива реалната слика во државата поделена по економски региони, решение за кое вели дека има и анализи кои го потврдуваат тоа како најдобро можно решение.