Денес повторно го гледаме како игра политички на грбот на неколку семејства кои трпат последици , било оние семејства на децата кои беа убиени, или на оние семејства чии членови можеби неправедно се влечат по судовите и им се суди повторно со што ги зголемуваат нашите дилеми за правдата.

Вака ги коментира настаните околу случајот Монструм, лидерот на Алијанса, Зијадин Села во гостувањето во емисијата „Политика“ на ТВ Глоби.

-Неговиот збор во јавноста и не е збор за било кој од граѓаните, мислам дека на сите им се свежи неговите зборови од оние прес-конференции за страшната вистина за „Монструм“, вели Села.

Тој додава дека ДУИ и СДСМ станаа како сијамски близнаци.

-Двете страни се партнери во Владата. Овој другиот (Заев) е најголемиот измамник во земјата, изјави Села на ТВ Глоби.