Повеќе од 300.000 прегледи, околу 18.000 „лајкови“, скоро 1000 коментари и приближно 700 споделувања има карактеристичната „селфи“ фотографија на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вчерашниот голем митинг на оваа опозициска партија пред Владата на Македонија.

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ, на кој според известувањата присуствуваа околу 50.000 граѓани, беше промовирана кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, а свое обраќање имаше и лидерот на партијата Мицкоски.

„На Македонија ѝ треба политичар, а не измеќар на ДУИ“, констатираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најавувајќи голема народна победа и на претседателските и на парламентарните избори.