Министерот за политички систем, Артан Груби во емисијата Пресинг на ТВ Клан Македонија изјави дека идната влада ќе ја формира ДУИ на Али Ахмети како што тој сака.

Груби рече дека ДУИ станал клучен фактор кој го врати СДСМ од долгогодишна опозиција на власт и дека во иднина мандатарот што ќе составува влада ќе доаѓа од редовите на „интегративците“.

-Следната влада на Македонија ја прави Али Ахмети и тој ја избира! Имаме мало седиште во Речица и таму сме Кингмејкери во изборните определби. На последните избори отидовме со СДСМ, ја донесоа на власт по повеќе години опозиција. Ние во иднина ќе бараме да имаме мандатар за формирање влада, како и да го избереме претседателот на државата со двотретинско парламентарно мнозинство“, изјави Груби.