За денеска попладне е најавен протестен собир во Скопје. Тој е наречен „Семакедонски народен собор“ и се најавува на социјалните мрежи за денеска во 17 часот пред седиштето на Европската унија.

Организаторите наведуваат дека целта на соборот е да се искаже незадоволство од омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство. Планирано е учесниците на соборот од пред седиштето на ЕУ да се движат кон републичкото собрание.

Инаку, пред неколку дена најавениот собир преку видеопорака го поддржа митрополитот на МПЦ-ОА Агатангел.

-Со песна ќе се појде до македонскиот парламент да се искаже незадоволство прво кон промената на светото македонско име, промената и непризнавањето на македонскиот јазик, непризнавањето на МПЦ која е столб и тврдина на оваа света македонска држава. На демократски начин да се избориме за нашите права, истакна во пораката владиката Агатангел.

Од МВР информираат дека од 15 часот до завршувањето на протестот, во
централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим.