Вештачки созадениот мирис , кој на мирисите за простории и за тело им дава познат мирис на сандалово дрво , е многу ефикасен во лекување на ќелавоста , тврдат научниците.

Според резултатите од истражувањето објавени во научното списание ,,Nature Communications”, клетките што го обвиваат коренот на секое влакно може да го ,,намирисаат” вештачкото сандалово дрво , а тој мирис ја продолжува клучната фаза на развојот на косата и го стимулира нејзиниот раст.

Олфакторните рецептори, задолжени за чувството за мирис , не постојат само во носот , туку и низ различни други клетки низ телото во кои регулираат различни функции.

Научниците утврдиле дека одредени рецептори го поттикнуваат развиојот на кератиноцитите , пигментни клетки во фоликулите на влакната , што ги обвиваат нивните корени и создаваат кератин , протеин со влакнеста структура , што е главна компонента на косата.

Резултатите на оваа студија ќе треба да се потврдат и со клиничко испитување врз луѓе , што е веќе во тек , а овие резултати ќе бидат објавени во јануари следната година.