“Со оглед на тоа дека генетиката игра главна улога во целулитот, за него навистина нема совршен лек. Сепак, губењето на тежина и намалување на внесот на нездрави масти, шеќери и сол може драстично да го намали целулитот” – вели диетичарката-нутриционист Кристен Карлучи Хасе.

Прво, најлошто

Обработено месо (саламите) и кашкавал

Стандардна порција на обработено месо (салами) содржи околу 790 милиграми на натриум – една третина од препорачаната дневна доза. Сеа на тоа додајте го фактот дека парчето леб на луѓето не им останува само со едно парче салама на него, туку такви какви што сме, ставаме повеќе парчиња салама.. многу повеќе од доволно. А и обработените кашкавали не се многу подобри – на пример фета содржи 400 милиграми сол во една четвртина кафе шоља. Каква врска има ова со целулитот? Деликатесната храна со висока содржина на натриум, како обработеното месо, саламите, шунката, сланината, чајната, куленот, кашкавалите предизвикуваат задржување на водата. Солени се едноставно, свесни сте и сами, а солта ви е најголемиот непријател доколку се обидувате да се ослободите од целулитот – објаснува Карлучи и додава – “не само што ќе ве направи подуени туку и го прави целулитот екстра-видлив” …

Конзервирана супа (или купечка)

Конзервирана супа или супа во кесичка може да ви звучи како едноставно решение за лајт вечера кога ви се јаде нешто, но тие се само една голема коцка сол и вегета истурена во вода – односно токму тоа од што е направен и целулитот – врзана вода во сол и масти.

Направете си супа самите! Сварете морков, брокула, карфиол, пашканат и исцедете еден цел лимон. Ова нека биде вашата супа барем додека сте на рестрикција за отстранување на целулит.

Газирани и засладени пијалаци

Дали вашиот целулит станува се поизразен со секој изминат роденден? Тоа е најверојатно бидејќи вашето тело произведува помалку колаген – протеин кој ја прави кожата мазна и без дупчиња. За жал, бидејќи ова е природен дел од стареењето не постои начин да се спречат негативните ефекти од намалувањето на колаген. Како и да е, ако ги исечете шеќерите од вашата исхрана (шеќерите го забрзуваат падот на колаген) може многу да си помогнете. Иако шеќерите се речиси насекаде – од лебот и житните култури, до свежите, 100% природни сокови – да не зборуваме за обработените сокови спакувани во тетрапак или енергетските пијалаци – како да сте изеле кеса шеќер. Намалете го внесот на овие работи – ако веќе не можете целосно да ги исечете барем на две недели.

Сосови – особено скара сосот!

Кога врз вашето парче пилешко посипувате скара сос, најверојатно сте свесни дека додавате сол во вашата чинија. Но дали сте свесни дека со самото ова вие конзумирате и шеќер двапати повеќе од препорачаната дневна доза исто така? Да, сосевите се полни со сол и шеќер. Две супени лажици сос = 15 слатки колачиња. Што е уште полошо, шеќерите во сосевите доаѓаат од високо фруктозен пченкарен сируп, адитив кој покажа зголемување на апетитот. А ова не само што премногу ќе ви го подигне нивото на шеќер, телесната тежина, целулитот! – исто така го бранува шеќерот во крвта, предизвикувајќи му на телото да го испушти хормонот кој е задолжен за складирање на маснотии во телото, eww. Гадно.

Сирење

Која е поврзаноста помеѓу сирењето кое ќе го купите во продавница и изгледот на целулитот на вашите бутови? Натриумот. Дури иако појадокот со сирење нема баш солен вкус, едно подебелко парче сирење може да има 700 милиграми натриум повеќе отколку што би требало да внесете во текот на целиот ден. Не сакате едно парче сирење да ви го одлговлекува облекувањето шорцеви? Издржете барем една недела до две. Замена за сирење? Чашка нискомаслен јогурт. Можете да истурите една и во вашата шопска салата.

Пица

Надвор од генетиката, има огромен број на нешта кои можат да предизвикаат целулит. Една од најчестите? Лоша циркулација на крв. “Исхраната која е богата со нездрави масти, сол и шеќери може значително да ја забави циркулацијата на крвта и протокот на кислород. Како резултат на тоа, сврзното ткиво слабее, оставајќи ја вашата кожа порастресита.” За да ја одржувате нормалната циркулација на крвта избегнувајте храна богата со заситени масти кои ќе ви ја згрутчат крвта – како пицата. Според Школата за јавно здравство на Харвард – пицата и сирењето се најголемите извори на заситени масти во исхраната.

Маргарин и Путер (и слични намази)

Пред неколку децении, научниците откриле дека ако инјектираат раситетлно масло со водород, тоа ќе се претвори во цврста супстанца и ќе остане такво и на собна температура. Ова откритие поттикна создавање на транс масти кои имаат тенденција да се заглават во вашето тело, да ги заглавуваат артериите – што ѝ отежнува на циркулацијата на крв и кислород. Не само што се опасни за вашето срце тоа исто така предизвикикува ткивата на кожата да ослабнат со што кожата се повеќе и повеќе се шири. Опасните вештачки масти (креирани од човекот) демнеат и во нискокалоричните маргарини и путери, како и “намази”.

Соја сос

Дали некогаш сте забележале дека вашиот стомак е малку поиспакнат после солен оброк со голема количина на соја сос? Ова се случува бидејќи вашето тело задржува вода откако ќе му истурите оброк спакуван со натриум. Покрај тоа што ќе ви ги направи фармерките потесни тоа исто така може да го намали протокот на крв и целулитот поизразен.

Бел леб

За да се ослободите од целулитот не е мала работа. Не е шала и треба многу сериозно да се нафатите за неговото отстранување. Личниот тренер и диететичар, Кристин Реисингер, сугерира да се откажете целосно од храната направена од бело брашно, како белиот леб и општо белите пецива. Зошто? Вие можеби не го сметате лебот за “слатко задоволство” но телото го смета. Телото ви го претвора белото пециво, рафинираните јаглехидрати во шеќери, а потоа и во гликоза, состојка која му штети на колагенот па целулитот изгледа многу полошо отколку што реално е.

Доритос

Иако секој од секоја тежина може да има целулит, доколку сте со прекумерена тежина, губењето килограми и целокупна телесна маст ќе ви ја намали и појавата на целулит, вели Лаура Бурак, исто познат диететичар. За да го забрзате губењето на тежината, Бурак препорачува да ги избегнувате обработените закуски, грицки – особено оние за кои е невозможно да ги јадете во “умерени количини” – како чипсот.

Секако, тешко е да им се каже не на сите чипсови, тешко е да им се одолее, но ниту еден не предизвикува поголема зависност од Доритос – едноставно не можеш да престанеш да го јадеш. Причината? Неговиот рецепт е специјално дизајниран така што ниту еден вкус не го надвладува другиот. А кога храната нема еден доминантен вкус, луѓето се помалку склони да се чувствуваат сити – и пак, внесуваат повеќе – велат истражувачите. Лудиот факт: Една од првите состојки на неговото пакување е мононатриев глумат (MSG), додаток кој е познат за зголемување на апетитот и ве прави зависен од вкусот на храната. Држете се понастрана од Доритос – барем во летните периоди.

И сега, најдобрите намирници кои ќе ви помогнат во ослободувањето од целулитот 

Kоријандер

Оваа билка ќе направи многу повеќе покрај тоа што ќе ви даде добар вкус на храната. Свежата билка промовира детоксикација помагајќи му на телото да ги отстрани тешките метали од телото кои имаат тенденција да се кријат во масните клетки. Овие тешки метали можат да ја нарушат нормалната функција на ткивото и како резултат на тоа да го спречат вашето тело да ги заздравува раните со иста брзина и да функционира правилно. Со намалувањето на вкупната содржина на токсини во вашето тело му помагате и да се ослободи од вишокот на складирани маснотии – а со тоа и од целулитот.

Магдонос

На оваа неверојатно моќна билка луѓето често ѝ го вртат грбот одбегнувајќи ја но таа ќе направи многу повеќе за вас отколку само да ви ја украси чинијата. Го ослободува телото од токсини, делува како диуретик, помага да се исчистат вашите бубрези, спречува надуеност и задржување на вода. Да не зборуваме дека магданосот е богат извор на витамините А, Ц и Е, хранливи материи важни за здрава кожа и одличен борец против целулит.

Хељда

Ова помалку познато жито ѝ дава немири на киноата бидејќи е поевтино, а исто толку здраво. Хељдата е лесно сварлива житна култура и целосен протеин. Богата е со Б витамини и растителни влакна. Таа има хранливи материи кои се неверојатно важни во борбата против целулитот бидејќи ги чисти токсините од масните ткива. Ако ви се потребни уште причини за да почнете да ја конзумирате – хељдата има високи количини на лизин – аминокиселина која помага при попраква на телесните ткива и колагенот – го измазнува целулитот, со други зборови.

Јаткасти плодови

Знаеме дека веќе ги јадете поради тоа што се богати со есенцијални масни киселини, но јаткастите плодови се уште една намирница која помага да се намали појавата на целулит. Омега-3 масните киселини придонесуваат за здравјето на кожата и клеточната мембрана како двоен заштитник на вашето тело: Не само што ги блокира штетните соединенија како токсичните хемикалии, тие исто така ги задржуваат здравите елементи правејќи вашата кожа да изгледа помека и позатегната. Есенцијалните масни киселини исто така можат да ви помогнат да го одложите стареењето на кожата со намалување на природното производство на воспалителни состојки во телото.

Цитрон

Ова веќе го знаете, но еве ќе повториме. Ова цитрусно овошје ја прави вашата кожа помазна благодарение на нивната содржина на витамин Ц. Исто така помага да се изгради и да се задржи колагенот во кожата – есенцијална компонента во борбата против целулитот. Конзумацијата на ова овошје ќе ве одржи хидрирани па вашата кожа ќе изгледа поздраво. Некои истражувања открија и дека редовната конзумација на грејпфрут, може да помогне во зајакнување на метаболизмот.

Вода и лимон

Ако капнете неколку капки лимон (исцедете половина лимон) во чаша вода вие му помагате на вашето тело да го избрка целулитот на три начини: преку хидрирање, преку отстранување на токсините и преку внесот на витамин Ц. Вашата цел е да избегнете дехидрирана кожа која изгледа сува и е сува на допир, трнлива, растресите, а соодветно хидрирана кожа изгледа еластично, затегнато и мазно.