Шпанскиот клуб Севиља го објави назначувањето на Хулен Лопетеги на функцијата тренер, а според соопштението на официјалниот сајт на тимот, договорот е за три години.

Последното работно место на 52-годишниот поранешен голман беше во Реал Мадрид, од каде тој си замина поради слаби резултати.

Претходниот тренер на Севиља беше Хоакин Капарос, чиј договор истече на крајот на месец мај и не беше обновен. Севиља си го загарантира буквално во последниот круг од првенството шестото место и пласман во Лигата Европа во новата кампања.

Лопетеги бил на чело на Рајо Ваљекано, на португалски Порто, Кастиља, а од 2016-та до 2018-та година беше на чело и на шпанскиот национален тим, но ја напушти со скандал ден пред почетокот на Светското првенство во Русија