Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска им порача на родителите на ученици дека имаат прилика да ги купат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн-настава за време на продолжениот викенд на 10, 11 и 12-ти октомври.

Министерката Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање зошто државата во четвртиот пакет на економски мерки не излезе со конкретна помош за купување на техничка опрема како компјутери и мобилни телефони заради онлајн наставата, таа рече дека токму купувањето во рамки на проектот „Викенд без ДДВ“ е можност за тоа.

– За време на „Викенд без ДДВ“ ќе може да се потрошат најмногу 30.000 денари во чии рамки може да влезе и таква опрема, а потоа на родителот ќе му се врати платениот данок, рече Шахпаска.

Данокот кој ќе му биде вратен на родителот е една незначителна сума во споредба со цената на компјутерите, а најголемиот дел од семејствата не се во можност да го платат.

Со оваа владина мерка и со овој совет на министерката, родителите ќе можат да набават компјутер поевтин за само 5 отсто!