Талат Џафери и ова мнозинство на ДУИ и СДС се шампиони за прекршување на Деловникот и газење на демократијата. Деловникот Талат си го толкува своеволно иако нормативите за промена на Устав се јасни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Џафери не смееше да ја прекине седницата и потребата од уставни измени требаше да ја стави на гласање. Постапката за измена на устав има посебна глава во Деловникот и Џафери требаше да ги примени членовите 95 и 96 од Деловникот, според кои не смее да се одложи гласање за измена на устав.

Впрочем во собраниската сала имаше доволно пратеници за да може да се гласа. Но самоволникот Талат пак го скрши деловникот, овој пат да им даде некој ден власт на ДУИ и СДС.

Гласањето го одложуваат, но епилогот не можат да го сменат. Двотретинско мнозинство за уставни измени под бугарски диктат нема колку и да одложуваат. Јавноста виде дека само 70 пратеници се за уставни измени, а ако продолжат да одолговлекуваат ќе изгубат уште некој пратеник од мнозинството.

Изборите се единственото рационално решение од овој ќорсокак.

Изборите се решение и за катастрофалната состојба во која се наоѓа државата и тонењето на секое поле кое се случува, подвлекуваат од партијата.