Ние ги браниме Копенхагеншките критериуми, оти не смее патот за Брисел да води преку Софија, вели пратеничката Гордана Силјаноска-Давкова.

– Јас, граѓани ве уверувам дека ние сме ваши претставници, ќе гласаме по сопствено уверување, камбаните овој пат бијат за Македонија. Крајно време е да покажеме дека сме пристојна европска држава која сака на патот кон ЕУ да оди исто како сите сегашни членки на ЕУ. Не смее да има посебни критериуми и преседани за нас, оти тоа ќе се одрази и на следните кандидати. Овој предлог не треба да се поддржи, туку треба да се прашаат граѓаните на избори бидејќи оваа власт е целосно делегитимирана, објави Силјаноска-Давкова на својот профил на Фејсбук.

Видеото може да го отворите ТУКА.