Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој учествува во работата на 73-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, денеска беше на приемот што го приреди американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот Иванов, заедно со својата сопруга Маја Иванова, беше гостин на приемот организиран од претседателот на САД, Трамп, за шефовите на делегациите на 73-то Генерално собрание на Обединетите нации.