Полигонот Криволак е сериозен домашен, но полека станува и сериозен НАТО ресурс, кој ќе придонесе и за зајакнување на локалната и домашната економија, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Во моментот работиме на подобрување на инфраструктурата на полигонот како и на отворање на нови приоди од север. Работите ги завршува Инженериската единица на Армијата, објави Шекеринска на Фејсбук.

Иако министерката во објавата не наведува од која земја е армијата, чија инжинериска единица работи на подобрување на инфраструктурата на Криволак, се подразбира дека тоа е АРМ, односно Армијата на Република Македонија.