Јас сум горда и сигурна во себе, мојот идентитет и во својата македонска изворна идентификација и нема што да дискутирам со Каракачанов која сум и што сум, изјави министерката Радмила Шекеринска во Дневникот на ТВ Сител.

– Тој што е сигурен во својот идентитет и својот јазик нема потреба толку да се пени и објаснува,рече Шекеринска коментирајќи ги изјавите на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов.

Таа натаму додаде:

– Ако Јаракачанов сака да биде Македонец нека повели. Нашето право е наше право, многу од тие изјави не ни се од полза. Покажуваме многу поумно и посигурно размислување, отколку другата страна, рече Шекеринска.

Каракачанов во повеќе наврати изјавуваше дека не треба да има омраза и дека „сме еден народ“ и дека позицијата на Бугарија во врска со тоа и блокадата во ЕУ нема да се смени.