За 2 години успеавме во она што 12 години не успеаа, во клучните области, да бидеме членки на НАТО и ЕУ, порача заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, која вчера попладне учествуваше на маалска средба со жителите на битослкото село Лавци.

– Како луѓе, како на Влада, покажавме дека зборот ни важи. Вложуваме напори работите една по една да се решаваат. Бевме фокусиани на крупните работи во првиот период, да ги решиме, во интерес на граѓаните и државата. Затоа успеавме. Знаеме дека кога ни е безбедна државата луѓето помирно спијат, а бизнисот повеќе вложува. За 2 години успеавме во она што 12 години не успеаја, во клучните области, да бидеме членки на НАТО и ЕУ. Знаеме интеграциите што носат. Денеска бевме во посета на едно земјоделско семејство во Битолско и ги гледаме првите резултати. За прв пат успеваме европските пари за земјоделието речиси целосно да ги користиме. Тоа сакаме да го прошириме во други области, рече Шекеринска.

Таа се осврна на спроведените мерки на Владата во последните 2 години кои парите ги враќаат кај граѓаните, и додаде дека „Владата на СДСМ не троши на музеи и лажен барок, туку на водоводи, патишта, реални проекти кои значат грижа за граѓаните“.

– Во изминатите 2 години успеавме на домашните и на странските инвеститори да им создадеме шанса да отворат 50 илјади нови работни места и да растат платите. Успеавме со пари од буџетот да обезбедиме социјални пакети кои сега се за 3 пати поголеми. Целосно го решивме проблемот со стечајците и не дозволивме да се покачи цената на струјата. За прв пат платите растат побрзо од трошоците. Повратот на ДДВ веќе функционира. Ги намаливме казните. Зборот важи, парите ги враќаме назад кај граѓаните. Во соработка со локалната самоуправа продолжуваме, постојано, да им служиме на граѓаните и да работиме исклучливо во интерес на државата и на граѓаните, рече Шекеринска.

Претседателот на општинската организација Златко Ќурчиски изрази задоволство што локалната самоуправа предводена од СДСМ го решава пробелмот во селото Лавци со водоснабдувањето, ова наше населено место ќе биде приклучено на градскиот водовод и за граѓанитр на Лавци е обезбедна вода.

– Тимовите на СДСМ ги евидентираа предлозите и сугестиите на граѓаните. СДСМ е со граѓаните, слуша и дејствува! Зборот важи, се вели во соопштението од Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.