Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, по неодамнешната промоција на гуми за АРМ, објави дека сите припадници на Армијата на Република Македонија од денеска ќе добијат нови чизми, а до април и нови униформи. Во касарната „Илинден“ денеска пристигна целосната пратка од 7.200 чифта.

МинистаркатаШекеринска на средбата со воениот врв во АРМ денеска во касарната најави дека до април очекува да пристигне и новата униформа за сите македонски војници, односно 14.000 парчиња, по две за секого. Таа во изјава за медиумите најави околу 11 милиони евра за модернизација на специјалните сили на Армијата.

– Оној, од кој што очекуваш и бараш треба да го платиш, да го одржуваш и да го финансираш. На почетокот на нашиот мандат се сконцентриравме на основни работи, чизми и униформи кои беа рак-рана, која честопати се спомнуваше од страна на припадниците на армијата. Денешнава посета коинцидира со завршување на еден од тие два важни проекти. Денеска е примена целосната пратка од 7.200 чизми за секој припадник на АРМ, истакна Шекеринска.

Појасни дека во следниве две-три недели, по приоритети сите припадници на АРМ кои имале чизми постари од една година ќе добијат шанса да имаат подобра лична опрема. Во април ќе бидат испорачани и 14.000 униформи односно по две за секој припадник на АРМ.

Министерката Шекеринска пред презентацијата на опремата имаше средба со првите луѓе на Полкот за специјални операции на АРМ на која, како што рече, била информирана за потребите и проблемите со кои се соочуваат како и за сработеното во минатиот период. Министерката Шекеринска заедно со началникот на Генералштабот генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и други генерали во АРМ имаа неформална средба и брифинг со новинарите на која военото раководство претставувано од НГШ Ѓурчиновски изрази голема благодарност до министерката за нејзиното несебично залагање за Армијата и за незините припадници.