Дваесет и осум годишна девојка убила три деца и тројца возрасни во католичко училиште во Нешвил, соопшти полицијата.
На прес-конференцијата е соопштено дека се работи за женско лице кое се чинело дека е тинејџерка, кое со себе имало повеќе видови оружје.
Кај неа биле пронајдени две пушки и еден пиштол.
Нејзиниот идентитет се уште не е познат, но се знае дека станува збор за девојка која живеела во Нешвил.
Таа била убиена на лице место од двајца полицајци.
Засега не се знае колку лица се повредени.За пукањето бил информиран американскиот претседател Џо Бајден.
Да потсетиме, нападот се случи изутрината по локално време во приватно католичко училиште во кое имало околу 200 ученици.