Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја промовира старата елка и старите лампиони за нови повеќе од 200.000 евра, колку што чини украсувањето на градот со пари од буџетот што го полнат граѓаните.

– Време е полека да оставиме некои работи зад нас и да се свртиме кон она што е поважно. Кон топлите мигови поминати во друштвото на оние кои најмногу ни значат. Кон онаа невидлива зимска возбуда и претпразнична еуфорија која се чувствува на секое ќоше од градските улици. Кон деновите кои нѐ очекуваат, кон новата година исполнета со нова надеж и нови почетоци. Кон создавање на нови, среќни и поинакви приказни, објави Шилегов на својот профил на Фејсбук.

Реакциите од граѓаните, особено на социјалните мрежи, не престануваат за трошокот што Шилегов го прави во време кога има пандемија од коронавирус, но не и новогодишна атмосфера, која тој ја гледа „на секое ќоше од градските улици“.

(Д.Г.)