Советот на Скопје вчера ја усвои листата на регистарот на имињата на улиците во главниот град, објави доцна синоќа на Фејсбук градоначалникот Петре Шилегов.

– Заврши седницата на Советот на Град Скопје. Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје. „Мексичка“, „Ленинова“, „Железничка“… се враќаат во нашето Скопје, напиша Шилегов.

Како што и претходно најавија градските власти, неколку улици во Скопје ќе добијат нови имиња, односно ќе ги вратат старите.

Шилегов неодамна изјави дека процесот е започнат уште во 2019 година и оти биле вклучени размислувањата на граѓаните, за разлика од порано кога насилно беа преименувани улици и кршена волјата на скопјани.

На промена на имињата се противат советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.