Наместо решавање на проблемот со енормното загадување во Скопје и во Македонија кое достигнува Гинисови рекорди, власта ги забавува граѓаните со новогодишни елки од живи луѓе кои едвај дишат поради аерозагадувањето.

– Придружете ни се, да направиме да направиме најголема елка од луѓе за Гинис. Плоштадот Македонија утре во 13 часот ќе биде местото каде што скопјани ќе се обидат да постават нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе. Градот Скопје ги поканува сите заинтересирани да дојдат на плоштадот и да се придружат на овој интересен потфат. Дојдете да се забавуваме и да ја направиме најголемата новогодишна елка во светот направена од луѓе, објави повик градоначалникот Петре Шилегов.

Така скопјани покрај невидливите авиони, видливиот Гинисов рекорд во загадувањето, заедно со Шилегов, градската и централната власт имаат прилика пак да одат кај Гинис. И тоа во денови кога не само Скопје туку и во повеќе градови низ Македонија младите го креваат гласот против загадувањето на воздухот со отровен отпад кој се увезува, а власта со разни финти се обидува да го пригуши тој револт кај граѓаните.ладите го креваат својот глас против труењето што се случува поради енормните рекорди во аерозагадување.