И (Зоран) Заев, конечно, откри дека Али Амети лаже, а на (Димитар) Ковачевски ќе му треба подолго време, вели поранешниот министер во македонската влада и политичкиот аналитичар, Џевдет Хајредини.

Тој на својот профил на Фејсбук кратко ги коментираше изјавите на Али Ахмети, претседателот на ДУИ и коалиционен партнер на претходната и на оваа Влада на Македонија.

-Лаже Али Амети кога на телевизија се фали дека тој, во својство на „лидер“ на партија со само 10 отсто пратеници во Собранието на Македонија, со највисоки функционери на Бугарија и на Грција преговарал за решавање на споровите за името на државата, националниот идентитет и македонскиот јазик, вели Хајредини.

Поранешниот министер иронично додава: „Од политичарите во Македонија не се знае само кој не лаже и не краде“.