Како што можете да видите од табелата и од податоците што ги пласира американскиот Национален институт за здравје ова се прилично шокантни податоци за употребата на ивермектин во Перу.

Тоа е малку чудно, бидејќи во САД мноштво од дискусиите за ивермектин се цензурирани, а властите спроведоа кампања во која бараат од луѓето да не го употребуваат лекот, бидејќи не биле коњи (ивермектинот е антирусен лек кој првично е изумен за лекување на животни, но постои и негова форма поволна за употреба од страна на луѓе, како што веќе имаме објавувано на страниците на Денешен.мк).

Но, изгледа дека од фактите не се бега. Перу е земја со 6000 мртви од Ковид 19 на милион жители и е прва во светото. Далеку зад неа е втората земја по смртност – Македонија, доколку се покаже дека има 1,8 милион жители како што предвидуваше директорот на ДСЗ, Симовски. Пресметките на Денешен покажуваат дека во тој случај Македонија има над 3 100 починати од Ковид 19 на еден милион жители и е убедлива втора по смртност во светот.

Што покажуваат податоците за Перу?

Земјата направи огромна кампања со ивермектин во последната половина на 2020 година. Смртноста се намали за 14 пати за 3 месеци. Но, тогаш е избран нов претседател кој ја прекина кампањата. И смртните случаи се зголемија за 13 пати во текот на следниот месец. 

Инаку, Перу има 33 милиони жители. Тоа е земјата во која е откриен сојот „ламбда“ за кој се смета дека е отпорен на вакцините. Состојбата сега малку е смирена, па вчера Перу имаше 1 040 позитивни и 27 мртви од Ковид. Во земјата се откриени 2,1 милиони позитивни досега, авкупниот број на починати е 198 447 лица. Тоа е точно 5 922 на еден милион жители.

Инаку, едно од истражувањата спроведени за Индија меѓу 3 000 здравствени работници, од кои 2000 примале превентивно ивермектин по 0,3 мг на килограм телесна тежина, а 1000 плацебо, покажало ефикасност од неверојатни 85 проценти. Истражувањето било спроведено така што испитаниците пиеле од дозата во зависност од телесната тежината, два пати во месецот, така што меѓу првата и втората доза имало растојание од 72 часа. И ништо повеќе.

НАПОМЕНА: Оваа објава на Денешен.мк има исклучиво информативен карактер и во никој случај не е препорака или сугестија да земате ивемерктин на своја рака без консултација со лекар.