Процесот на пристапување на Украина кон ЕУ не може да се забрза, независно руската инвазијата, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека Унијата мора да изнајде брз и прагматичен начин како да му помогне на Киев.
– Нема кратенки на патот кон ЕУ, рече Шолц додавајќи дека исклучок за Украина би бил неправеден кон земјите од Западен Балкан кои исто така бараат членство.
– Процесот на пристапување не е само прашање на месеци или години, рече тој.