Жителите на малото село Виљар де Корнеха во Шпанија влегоа во новата деценија вчера на пладне, наместо на полноќ.

Причината не е во тоа што во селото во близина на Мадрид времето поминува побрзо од другите градови во Шпанија, туку се работи за желба на жителите, од кои повеќето имаат повеќе од 80 години, на време да одат на спиење.

Во Виљар де Корнеха живеат само 30 жители, и поради тоа што постарите луѓе не сакаат да остануваат будни до полноќ, одлучиле почетокот на Новата година да го слават 12 часа порано.

Оваа традиција почнала во 2004 година.

Посетителите заедно со жителите се собираат на селскиот плоштад и традиционално јадат грозје.

Ѕвоното на пладне ѕвони 12 пати, и на секое ѕвонење, секој јаде по едно зрно грозје.

Шпанците веруваат дека грозјето носи среќа во следната година.