90 годишна жена која умрела откако се разболела од Ковид 19, била заразена и со „алфа“ и со “бета“ варијантата на корона вирусот во исто време.

Жената умрела во март и не била вакцинирана. Лекарите се сомневале дека таа можеби била заразена од две различни лица.

Жената била примена во болница во Белгија. Нејзината ниво на кислород првично било стабилно, но состојбата потоа нагло и се влошила и з пет дена умрела.

Кога била тестирана за присуство на некоја од варијантите на корона вирусот тие откриле дека е носител на алфа корона вирусот и бета мутацијата на САРС КОВ 2.

Случајот потоа бил презентиран пред европските експерти на конгрес за натамошно разгледување но одговор се уште нема. Засега не постојат други такви случаи, односно не е публикувано дека постојат други такви случаи, што не значи дека ги нема, туку можеби не се откриени.

Може ли тогаш да бидете заразени и со алфа и со бета и со делта варијантата на корона вирусот? Перуанската Ламбда засега е далеку.