-И еве можеби да излезам надвор од мојот мандат, бидејќи во изминативе неколку недели имав интензивна комуникација со луѓе што се разбираат во таа работа, затоа што јас сум сигурен дека тоа постепено станува политички проблем. Тврдам дека тоа допрва ќе станува политички проблем ако пристапот од бугарска страна продолжи да биде ваков. Значи, неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку познавање од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но, дали не е историска вистина, стопроцентна, дека Гоце Делчев се борел за македонска држава? Автономија, независна држава, па дури на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија, вели Пендаровски во интервјуто на Ал сат ТВ во јуни минатата година.

Денеска актуелна е изјавата на Пендаровски, дека ако условот за ЕУ е македонскиот јазик и нашето изјаснување како Македонци, тогаш таквата ЕУ не ни требала. Истиот Пендаровски, кој пред само неколку месеви го пресече коренот на кој почива македонскиот народ, прогласувајќи го Гоце за Бугарин и давајќи му на тоа квалификатив на „неспорна историска вистина“, што е најобична лага, сега, на неколку месеци пред изборите, глуми патриот. За кратко, зашто сега ќе следи заислена кампања дека нашиот идентитет е гарантиран, нели?