Постојат докази кои индицираат дека човекот може да чуе кога го прогласуваат за починат.

Кога умирате, знаете дека сте мртви затоа што кога срцето ќе престане да чука, протокот на крв во мозокот автоматски престанува, што значи дека некој е службено мртов.

Новите истражувања покажаа дека умот на мртвото лице, како и неговата / нејзината свест продолжуваат да работат уште некое време, што значи дека лицето може да ја препознае својата смрт.

Постојат докази кои индицираат дека некое лице може да чуе кога го прогласуваат за починато. Тие доживуваат еден вид живот после смртта, но научниците предупредуваат дека реалноста е пострашна.

Д-р Сем Парнија од Њујорк посочува дека луѓето непосредно по престанувањето на работата на срцето сè уште се свесни.

„Откривме дека луѓето на кои срцето им застанало па повторно се пробудило на операција, можат целосно да опишат што се случувало околу нив кога срцето им застанало. Тие точно опишуваат што правеле лекарите и медицинските сестри, што зборувале, но не можеле и да видат“, вели тој.