По ноќта во Шведска кога во повеќе градови речиси во исто време беа палени авомобили од банди млади маскирани лица, со жестока реакција излегоа политичарите од десницата, чија популарност постојано расте.

„Ннавистина ми е преку глава од ова“, рече премиерот на Шведска Стефан Лофвен во интервју за Шведското радио, додавајќи дека сака да ги праша сторителите „што по ѓаволите правите“?

-Се чини дека ова е добро координирано, речиси како воена операција, рече Лофвен и додае дека полициската истрага ќе покаже дали станува збор за вандализам, организиран криминал или нешто друго.

Улф Кристенсен, лидер на опозициската десничарска партија од центарот Модерати на Твитер напиша: „Ова не се протести, ова е саботажа. Шведска предолго го толерира ова. Тоа мора да престане“.

Шведската СВТ објави дека полицијата идентификувала неколкумина од младите кои биле на местото на пожарите во Тролхатан и потврди дека има сомнежи дека акцијата е координирана.

-Веќе разговаравме со родителите. Решивме да не апсиме некого, туку да ги идентификуваме и да разговараме со нив“, изјави Ула Брем.

Ова дополнително ги збесна конзервативците.

Само во Гетеборг биле запалени 60 автомобили. Запалени се и десетици автомобили и во Фролунда, Хјалбо, Ериксберг, Малме, Тролхатан и Хелсинборг.