Носителката на Изборна единица 1 Гордана Силјановска – Давкова на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ од Македонски брод порача дека младите се во фокусот на програмата „Обнова“ каде ВМРО-ДПМНЕ се обврзува најдобрите млади луѓе да се најдат на правите работни места и огромен број мерки за задржување на младите во државата.

Силјановска – Давкова нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за демократичност и оти на листите за разлика од СДСМ каде преовладуваат лица кои се истрошени и некомпетентни, како што рече, кај ВМРО- ДПМНЕ преовладува енергија, младост, знаење и квалификуваност.

– Споредете ги нивните листи со нашите. Или се тоа истрошени, истиштени потрошени политичари кои од деца се во политиката и зад себе немаат ништо, ама ние зад себе имаме професија реализирани сме и сега решивме она што сме го добиле од Македонија да и го вратиме. Знаењето, енергијата и најмногу ако сакате љубовта, потенцираше Силјановска – Давкова.

Како носителка на Изборна единица 1 на ВМРО – ДПМНЕ и „Коалицијата за Обнова на Македонија“ порача дека ВМРО–ДПМНЕ нуди огромен број проекти од развој на туризам до зајакнување на економијата каде што ќе имаат бенефит сите граѓани на земјата.

– Плаче Поречиево за селски туризам, плаче Поречиево за плодови од шумата, плаче Поречиево за здрава храна, плаче Поречиево за екстремни спортови оти тоа е она што е можно, плаче рекава за мост, плаче рекава за кеј, плаче местово за уредување, порача  меѓу другото Силјановска.