Во рамките на нејзината кампања, денеска, кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, во неформална и пријатна атмосфера се сретна со нејзиниот универзитетски колега и поранешен претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, во неговиот роден град Валандово.

Соговорниците имаа можност да поразговарат на многу теми и да споделат искуства за кампањите, како и за двата мандати на поранешниот претседател кои беа исполнети со многу предизвици.

Тие заклучија дека размената на искуства и мислења се значајни за престојниот период во Македонија.