(ВИДЕО) СИЛЈАНОВСКА ВО ОТВОРЕНО СО КОРОВЕШОВСКА: Ако Пендаровски е небезбеден, ако и специјалната ја следат, што да кажат граѓаните

/ 18.03.2019

„Да јас се чувствувам безбедна. Се уште одам на работа пешки, талкам по скопските улици и се чувствувам безбедна. Мислам дека ако сте биле долги години дел од структурите и голем дел од животот сте го поминале во врска со безбедносните прашање веројатно сметате дека кога знаете многу за другите луѓе, и тие сакаат да знаат за вас, па се чувствувате небезбедно“, изјави професорката и кандидат за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова во нејзиното вечерашно гостување во емисијата Отворено со Искра Коровешовска.

Според неа изјавите на противкандидатот Стево Пендаровски се чудни бидејќи доколу тој се чувствува небезбеден, а е на власт, тогаш како би требало да се чувствуват граѓаните на Република Македонија.

„Слушнав дека и специјалната јавна обвинителка исто така смета дека ја следат. Не знам што да кажам, оние кои што треба да не убедуваат во нашата безбедност бидејќи јавниот обвинител може да бара од ОТА, вас или мене или некој друг да го прислушкуваат од безбедносни причини, да сметаат дека се небезбедни, тоа лошо звучи бидејќи ја прикажува Република Македонија небезбедна држава, а во небезбеден амбиент во небезбедна земја има проблеми со одржување на фер и демократски избори“, смета Силјановска Давкова.

Таа истакна и дека на средбата со граѓаните кои што ги имала изминатиот период најчесто поставувани прашања биле како да се спречи секојдневното масовно иселување на младите од државата, потенцирајќи дека власта не го донела животот кој што го ветувала.

-Најповторуваното прашање е до кога нашите најблиски, до кога нашите млади ќе си заминуваат, има ли лек за тоа. Тоа е прашањето кое што можеби најчесто го слушам. Се разбира статистиката е страшна, бидејќи над 58 проценти од младите велат дека си заминуваат зошто дома во Македонија не препознаваат живот, е сега како да им објасните оние кои победија под мотото живот, носат живот, сега не само што не овозможуваат за нив, туку и на оние кои остануваме животот ни е во прашање, вели Силјановска Давкова.


Од истата категорија