Полицијата уапсила 25 годишно лице во Скопје, откако се заканил по животот на својот татко.

-На 11.06.2018 година околу 08:30 часот во Скопје на булевар „Кочо Рацин”  по претходна вербална расправија Ж.В.(25) од Скопје, држејќи нож, му упатил закани по животот на неговиот татко З.В.(58), при што од страна на полициски службеници, истиот бил совладан и приведен во ПС Центар, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.