Специјалното јавно обвинителство објави оглас за вработување на уште 13 лица.

Во огласот се бараат пет виши јавнообвинителски советници, двајца советници- економисти, двајца виши стручен јавнообвинителски соработнци, еден виш референт благајник, еден помлад референт извршител во одделение за финансиски истраги и двајва доставувач.

Работниот однос се заснова на определено време, до укинување на ова обвинителство.

Нето платата во зависност од работното место се движи до 28.600 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.