„Доколку сака интеграција во НАТО и во Европска унија е потребно е решение за името, за што предуслови се уставна ревизија и отстранување на иредентизмот“, изјави денеска грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во своето обраќање откако беше прогласен за почесен граѓанин на општината Пеонија.

Грчкиот претседател зборуваше за 100-годишнината од победата на Грција во битката кај Скра, Кукуш, но и за битките на Грците за време на Балканските војни. Тој рече дека битките „од една страна, конечно и непобитно го документираат грчкиот карактер на Македонија и од друга страна се потсмеваат на секоја спротивна невкусна пропаганда“.

Пораката на грчкиот претседател доаѓа помалку од 24 часа по последниот круг разговори на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со посредникот Метју Нимиц, пренесе МИА.