Апел од ќерка, бара помош за Патологија, еден месец нема резултати за мајка и:

„Би сакала да замолам доколку има член во групата кој може да ми даде информација за мојата мајка: се оперираше во хирургија во клиника во Скопје на двете гради пред 1 месец и отстранетото ткиво е пратено во патологија. Меѓутоа, на броевите за контакт на патологија тешко некој одговара и последната информација која ја имаме е дека нејзиниот материјал го нема внесено во систем, не можат да го најдат ни по историја, ни по отпусна листа, ни по матичен број – не знаеме што се случува и не можеме да добиеме информација дали и кога би имало резултат. Жената живее во страв, исчекување и стрес секојдневно. Замолувам ако има некој кој може да ни помогне, да ми пише порака за да ги споделам потребните информации. Благодарам.“

Ова е објава на Михајловска во ФБ групата за болни до рак – „Не си сам/а во оваа борба“. Институтот за патологија долго време е рак-рана во здравствениот систем, а е во рамки ан Медицинскиот факлутет кој очигледно не успеава да се справи со овој проблем. Декан на Медицинскиот факултет е д-р Светозар Антовиќ, кој неодамна беше реизбран на функцијата.

Ова се само дел од коментарите под оваа објава од пациенти кои чекале и по два месеци за резултатите:

 

Деканат. Деканат. ДЕКАН. Проф. д-р Светозар Антовиќ