Вкупно 21 сообраќајна незгода се случила изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Две лица се тешко повредени, а шест лесно.

Како што соопшти СВР Скопје, со поголема брзина од дозволената се движеле 87 возачи, седум биле под дејство на алкохол, 17 поминале на црвено, а 22 биле исклучени од сообраќај пред да се стекнат со право на управување на моторно возило.

Тринаесет возачи се исклучени од сообраќај зашто не им биле регистрирани возилата, а подигнати со пајак се 64 возила.