Скопје тоне во ѓубре, Ковачевски и Арсовска да се договорат да го исчистат исто како што се договараат за тендери, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Како што беа сложни Ковачевски и Арсовска кога советниците на СДС и ги гласаа финансиските програми, така да бидат и сега и да го исчистат Скопје. Како што беа сложни со тендерот за гориво во ЈСП, така нека се сложни и сега и да го исчистат Скопје. Ковачевски и Арсовска го заглавија градот Скопје, секој месец нови проблеми, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.