На територија на Скопје во изминатото деноноќие се случиле 17 сообраќајки во кои 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Во 11 сообраќајни несреќи имало само материјална штета, а шест се со тешки телесни повреди.

Дваесет и пет возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 21 возач биле исклучени од сообраќај и тоа поради управување возила под дејство на алкохол еден возач, 16 возачи поради немање дозвола за управување моторно возило и четворица возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и 17 возила и тоа 1- бидејќи не биле нерегистрирани и седум кои биле технички неисправни.

Непрописно биле паркирани 129 возила, а 61 биле подигнати од пајак.