Две лица се  потешко, а девет полесно повредени во вкупно 12 сообраќајки кои се случиле изминатото деноноќие во Скопје. Во пет сообраќајки имало само материјална штета.

Дваесет и седум возачи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај биле исклучени 28 возачи, од кои 19 поради немање дозвола за управување моторно возило, четворица биле под дејство на алкохол, а петмина биле возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и 14 возачи кои управувале нерегистрирани моторни возила.

Непрописно биле паркирани 108 возила, а 53 биле подигнати од специјалното возило „пајак“.