„Зоран Заев ја лажеше јавноста и ја злоупотреби трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби новинарот Никола Малденов. Заев срамно манипулираше преку т.н. „бомби“ квалификувајќи ја трагичната смрт како убиство. Тој си поигруваше со чувствата на семејството на Младенов, неговите пријатели и познаници и целокупната јавност. Заев измислуваше разни теории на заговор само за да се приграби до власт. Сопругата на Младенов вчера јасно кажа дека причина за несреќата била неприлагодената брзина…“, истакна денеска Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ во врска со овој случај.

„Заев манипулираше дека во истрагата се криени докази и дека е потребна нова меѓународна истрага… На 2 мај 2017 година во интервју за српски медиум, Зоран Заев, кажа, цитирам:

„Јас ветив пред грѓаните меѓунарпдна истрага за Смиљковско Езеро, за кумановските настани и за убиството на Никола Младенов. и за тоа кој стои позади ова. Заев кажа, Заев излажа“, додаде меѓудругото Славева.