Поради обилни снежни врнежи, утрово од 08:30 часот е воведена забрана за товарни моторни возила на патните правци Кичево – Стража и Гостивар – Стража. Збрана за сообраќај на камниони има и на патот Маврово – Дебар, како и на патниот правец Струга-Ќафасан, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на другите патишта се одвива непречено. Снег паѓа во западниот дел на државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.