Уште еден земјотрес е регистриран рано изутрината во во 03 часот и 22 минути во епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга, 100 километри јужно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а е почувствуван од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината.

Два земјотреса беа регистрирани и синоќа во охридско – струшкиот регион. Првиот земјотрес бил во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени.