Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци на крак Маврово – Маврови Анови, Крива Паланка – г.п. Деве Баир, Тетово – Попова Шапка и Струмица – Берово.

Oд 10:00 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Берово – Беровско Езеро, поради обилни врнежи снег., а оОд 10:30 часот и на патен правец Тетово – Попова Шапка, односно на потегот од с.Лисец кон Попова Шапка.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од ЈП Македонија пат информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.