Измените на Изборниот законик, кои до петокот се усогласуваа од членовите на работна група, би можеле денеска да се најдат на собраниска седница како предлог на пратеници.
Предлогот треба да биде потпишан од пратеничките групи и формално да биде доставен до Собранието. Тоа би можело да се случи уште денеска, велат извори од владејачкото мнозинство. Собранието денеска треба да поче нова седница, така што дневниот ред би можел да се дополни со нови точки на предлог на пратеници.
Во овие измени треба да бидат вградени забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, но исто така партиите усогласувале и свои предлози. Во работната група не учествуваа претставници на опозицискиот СДСМ.
Последната средба на работната група беше во четвртокот, а до петокот последните консултации требаше да бидат завршени електронски, како што тогаш објави Министерството за правда.
Како што е најавено, освен новата 109. седница, пленумот треба да ги продолжи 105. и 104. седница.
Измените на Изборниот закон се дел од обврските од реформската агенда.
ФОТО: Архива




